Може ли студеното време да наштети на срцевата работа?

Може ли студеното време да наштети на срцевата работа?

Здравјето на пациентите со кардиоваскуларни болести може да биде засегнато при екстремни временски услови. (5) Гледано од агол на здравје на срцето, некој би помислил дека топлотните бранови се поопасни. Меѓутоа, клиничките студии покажуваат дека во студените денови се зголемува ризикот од ангина пекторис (градна болка заради недоволна снабденост на срцевиот мускул со крв) и од срцев инфаркт . (2, 3)

 

Неколку студии биле спроведени на оваа тема; на пример, една Финска студија пронајде поврзаност меѓу долг период на студено време и ризикот од нагла срцева смрт, особено кај лица со коронарна срцева болест. (1) Во друга, Литванска студија пак, била пронајдена поврзаност помеѓу студеното време и зголемениот ризик од срцев инфаркт. (4) Објавата на оваа студија покажа дека пациентите со кардиоваскуларни фактори на ризик се всушност високо-ризична група на пациенти кога станува збор за поврзаноста меѓу студеното време и срцевите настани. (4)

Зимски пејзаж со снежни борови

Понатаму, голема студија спроведена во Англија и Велс покажала дека постарите лица и оние коишто имаат коронарна срцева болест се многу поподложни на проблеми со срцето кога времето е студено. Од особен интерес во оваа студија е фактот дека лицата кои земале аспирин имале понизок ризик во споредба со лицата кои не земале аспирин. (8)

Објаснувањето на оваа корелација се состои во фактот дека телото или попрецизно кажано нервниот систем, реагира на падот на надворешната температура на посебен начин: тоа всушност, се обидува да го намали губитокот на топлина преку констрикција на крвните садови. Вазоконстрикција настанува не само во дисталните делови од телото, како што се крвните садови кои се поблиску до површината на кожата, туку исто така се појавува и во коронарните артерии кои го снабдуваат срцето. Овие промени прават дополнителен стрес на веќе воспоставената рамнотежа на циркулаторниот систем. Крвната циркулација низ крвните садови се намалува и со тоа крвоснабдувањето на органите ослабува, а крвниот притисок се покачува. Покрај механизмите наведени погоре, може да се зголеми срцевиот обем на работа и вискозноста на крвта (внатрешно триење), што дополнително го зголемува ризикот од миокарден инфаркт кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања. (1, 6, 7, 8)

Доктор во бела наметка со црвен стетоскоп околу вратот и пластично срце

Што треба да направите за да ги превенирате последиците од студеното време, доколку се сомневате дека имате кардиоваскуларна болест?

  • Дијагноза: ако се сомневате на кардиоваскуларна болест, направете контрола што поскоро. 
  • Превенција и менаџмент: 
    • Ако веќе имате кардиоваскуларна болест, следете го советот од лекарот за промена на животниот стил и редовно земајте ја препишаната терапија . (1)
    • Во сурови зимски временски услови, заштитете се против студот: облечете се топло и во слоеви, носете капа и ракавици и соодветни обувки, одморете се при физички напор во студени услови  (на пример, чистење снег со лопата), побарајте лекарски совет ако почувствувате симптоми кои наликуваат на срцев инфаркт и избегнувајте земање алкохол после физички напор. (1)

Референци:

PP-ASP-MK-0067-1 14.12.2021

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.