Зеленчукова супа со домати

Зеленчукова супа со домати

Како што вечерните часови стануваат постудени, копнееме по чинија топла супа.

И, иако сакаме добра крем супа што лесно се прави од кој било вид зеленчук, понекогаш е убаво да ја јадеме и со цели парчиња зеленчук. Едно од основните правила на здравата исхрана е консумирање на разноврсен зеленчук секој ден. Постојат различни мислења: едно е дека треба да јадеме 5 различни видови на овошје и зеленчук на ден, друго препорачува јадење на овошје и зеленчук од сите бои на виножитото.

Правењето вкусна супа од зеленчук не е научна фантастика, и иако готвењето ќе го намали количеството на витамини во зеленчукот, сепак таа е одличен извор на минерали и влакна. Постојат безброј верзии на италијанска супа (минестроне) без да го следат оригиналниот рецепт, па затоа и нашава супа ќе ја наречеме италијанска супа, но слободно додајте состојки по ваш вкус.

Состојки (за 4 лица):

  • 1 голема главица црвен кромид
  • 2-3 моркови
  • 2 пашканатa
  • 1 мал корен од целер
  • 1 страк целер
  • 1 мала тиквица
  • 2-3 компири
  • 5-6 големи листови од зелка
  • 2-3 големи домати (или една конзерва домати)
  • ставете сол и бибер по вкус
  • ловоров лист
  • магдонос
  • маслиново масло
  • пилешка супа
Зеленчукова супа со домати

Подготовка:

Излупете и измијте го зеленчукот. Исецкајте го кромидот ситно, исецкајте ги морковите, пашканатот и стеблото од целер, насечете ги на коцки тиквичките, компирите и коренот од целер. Исецкајте ги листовите од зелка на ситно. Потпржете го кромидот во врело маслиново масло, а потоа додајте го зеленчукот: прво пржете ги морковите и коренот од целер додека не добијат кафена боја, а потоа додајте го остатокот од зеленчукот. Ако користите конзервирани излупени домати, додајте ги директно во тавата. Ако користите свежи домати, ставете ги во врела вода една минута, потоа излупете ја кожата и исцедете ги пред да додадете во тавата. Ставете сол и бибер по вкус, додајте 3-4 ловорови лисја, а потоа истурете ја пилешката супа. Зеленчукот ќе стане убав и мек за 30-40 минути, во тој момент треба да ги извадите ловоровите лисја и да ставите ситно сецкан свеж магдонос. Сервирајте со багети, но јадењето е поздраво ако ги изоставите.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.