Harmful addictions are a threat to the heart: alcohol and heart disease

Штетните зависности се закана за срцето: алкохолот и срцевите заболувања

Иако во последно време има многу извештаи за тоа како алкохолот, особено црвеното вино, може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања1, важно е овие факти да ги прифаќате со извесна резерва. Голем број на докази укажуваат дека редовната, но умерена консумација на вино може да има позитивно влијание на факторите на ризик поврзани со здравјето на срцето и крвните садови.

Овие ефекти честопати се должат на ефектот на грозјето и фенолните состојки во виното и нивните ефекти на факторите на ризик како што е атеросклерозата. Механизмите кои се одговорни за овој бенефит се состојат во намалување на нивото на холестерол, системска инфламација и ризик од тромбоза .1 Бројни епидемиолошки студии покажуваат дека умерената консумација на алкохолни пијалоци води до пониска инциденција на смрт од разни кардиоваскуларни заболувања за 20 до 50% во споредба со лицата кои апстинираат цел живот од земање алкохол.1

Всушност, штетата од алкохолот, кога се консумира прекумерно, е многу поголема од неговите теоретски или реални придобивки.2 Резултатите од епидемиолошките студии велат дека ризикот од кардиоваскуларните болести е понизок при умерена (една до две чаши на ден) консумација на алкохол во споредба со оние кои не консумираат алкохол воопшто.5

Штетните ефекти на алкохолот на кардиоваскуларниот систем се следниве(2):

Срцева аритмија (атријална фибрилација )

  • Висок крвен притисок
  • Оштетување на срцевиот мускул
  • Мозочен удар

Колку алкохол е премногу?

Очигледно, постојат варијации во зависност од возраста, тежината, полот и слично, но најдобро е да го следите следново правило.

  • За мажи, редовното консумирање не треба да надминува 3 до 4 единици на ден3,4,5
  • За жени, редовното консумирање не треба да надминува 2 до 3 единици на ден3,4,5
Алкохолот и штетните зависности се закана за срцето

Секако, овие пијалоци може да имаат и поголем или помал процент на алкохол и треба соодветно да ја намалите количината на консумирање.

Горенаведеното правило треба да се почитува при секојдневно, седмично или повремено пиење алкохол. Ако сте се напиле повеќе од ова, дајте му на Вашето тело најмалку 48 часа пред да пиете друг пијалок за да се опорави.

Важно! Умерената консумација на алкохол, прекинот со пушење, редовната физичка активност во Вашето секојдневие и урамнотежената исхрана ќе има големо влијание на здравјето на Вашето срце и крвните садови.5

Референци:

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.