Филети од бакалар со печурки и аспарагус

Филети од бакалар со печурки и аспарагус

Нема сомнение дека треба редовно да јадеме риба.

Омега-3 масните киселини кои ги има во морската храна се многу корисни за нашето ниво на холестерол. Сите треба да јадеме риба барем еднаш седмично, и немаме оправдување да не го правиме тоа - рибата се приготвува многу бргу. И ако набрзина ги приготвиме и зеленчуците кои се комбинираат со неа, тогаш таквиот специјалитет воопшто не ни одзема време.

Состојки:

  • 600 gr филети од бакалар
  • ставете сол и бибер по вкус
  • маслиново масло
  • презла или крупно мелен корнфлекс
  • 200 gr печурки
  • 1 рака аспарагус
  • малку путер
Филети од бакалар со печурки и аспарагус

Подготовка:

Исечете ги филетите од бакалар, ставете сол и бибер по вкус и пржете го во врело маслиново масло 2-3 минути од секоја страна. Кога е готово, ставете го во тава, посипете со презла или корнфлекс, додајте малку путер и печете во рерна уште 15 минути. Исчистете и исечете ги печурките. Додајте сол и бибер, испржете ги малку во маслиново масло и ставете ги настрана. Исчистете го аспарагусот (пресечете ги долните делови и користете ја само горната половина). Гответе ги во солена вода 4-5 минути, а потоа исечете ги на парчиња од 2,5 cm и потпржете ги во малку масло. Ставете ги на послужавник и сервирајте веднаш.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.