Без оглед на тоа како сакате да ја јадете тиквата: со сок од портокал, ѓумбир, мед, кари во прав, чили или омекната со павлака - бидете креативни, пробајте нешто поразлично! Нема да погрешите.
Чорбата од тиква е во тренд и соодветна за сите возрасти, исто како и печената тиква. Можете да ја ставите во пластичен херметички сад и да ја понесете со себе, и иако е највкусна кога е топла, се јаде и изладена, знаејќи дека ви пружа бројни здравствени придобивки.
Содржи витамини Ц, Е и каротин, но и железо, фосфор, магнезиум, калиум и бакар. Поради малото количество на јаглехидрати и големо количество на растителни влакна, слободно може да ја консумираат и луѓе на диета. Може да ја направите како пире за да ја комбинирате со кој било вид месо, но дозволете ни да ви дадеме идеја за брза и вкусна вечера која исто така може да се прилагоди за да одговара на потребите и вкусовите на вашето семејство. Мешањето на слатки и солени вкусови: сочната мека тиква и посебниот вкус на фета сирењето е добитна комбинација. А ќе ја подготвите за само 30 минути.
Состојки:
- 900 gr тиква
- 1/2 шолја фета сирење
- 100-200 gr маслиново масло
- 2-3 супени лажици балсамов оцет
- ставете сол и бибер по вкус
- свеж рузмарин
- 2-3 супени лажици мед
- една рака пињоли
- 140 gr рукола
Пресечете ја тиквата на половина, извадете ги семките, а потоа излупете и насечете ја на парчиња од 2,5 cm. Во голем сад, ставете доста маслиново масло и балсамов оцет, потоа зачинете со доста сол и бибер. Ставете малку листови од рузмарин и добро измешајте. Згответе ја тиквата на пареа, во длабока покриена тава. Кога ќе почне да омекнува, додајте мед и карамелизирајте ја. Тргнете ја од ринглата. Исечете го фета сирењето на мали коцки и измешајте го со омекнатата тиква. Потоа додајте рукола и одозгора ставете печени пињоли. Уживајте во вашата лесна и хранлива салата.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.